Не излегувај, пази се, му велат и роднините, но која душа може да го задржи дома, која душа може да го разбере и да сфати: што значи тоа да си дошол до смртта, да си ја имал во себе, и пак да си жив.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Човечката душа може лесно да потоне во длабока болка, но догорчето од неочекуваните спомени ќе му го осветлат патот во темнината на најмрачните тунели.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Во суровата тишина луѓето се дават во сопствените солзи, а со секое менување на светлината може да откриеме по една тајна и да бидеме сѐ поблиску до вистинската љубов, за која не постои супститут.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Мис Стон го прочитала тој расказ во некој од весниците што ги носела со себе, и бидејќи очигледно била збунета или изненадена од верувањето на Јапонците дека со душата можат да упрауваат и некои други сили покрај Спасителот , побарала и негово мислење по ова прашање.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)