душа (имн.) - има (гл.)

Зар оваа растреперена душичка има друга татковина освен овие исушени гради на црната Пелагија?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Толку голема душа имаше, беше со силен мајчински корен во семејството кое силно го разграна со љубовта нејзина голема и трпелива.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Чиста и невина душичка имаше.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Помисли дека има два живота; дека неговата душа има две тела; дека неговото тело има две души; дека има способност да умножува светови и го греат две сонца...
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Има, има - в темнината нешто живо пак да свети: има болка на душата има души наранети.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Баба ми ме погледна, очите ѝ се насолзија и рече: - Мило бабино, знам јас дека е така, добро дете е Миро мој, мека душа има и никому зло не мисли.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
БОРИС: Уште колку души има по куќава? МАТЕЈ: Толку сме ама одбрани.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)