дух (имн.) - одново (прил.)

А сега, кога со години гледаше како германскиот дух се распаѓа и како по најважните плодови на тој дух газат самите Германци, тој постојано повторуваше, како да се обидуваше да се увери самиот себе, дека тоа е лудило што кратко ќе трае, а германскиот дух одново ќе блесне.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од тој ден па натаму, секогаш кога ќе се јавевме кај Зигмунд, ни кажуваа дека тој не е дома, или дека е зафатен со пациентите, или дека не му е добро па не може да се јави.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)