* На ова место по вторпат прекинав со пишувањето на приказнава, бидејќи во духот ми се јави кристално јасно прашање: – Зошто го лажеш?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Еда, едно време, се исправи, жената и кога ја видов правугоре крената и мене косата ми се крена. Ќе ми ја турне капата, ба му ја. Еда, дувот ми излезе.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Или, што е уште полошо, може да се случи, како што и самиот помислив, Асенета или Аристин да не најдат никого со кого би го испиле чајот за двајца околу пладне во градината крај црквата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Оваа приказна, значи, е претворена во продавница за љубовната напивка, но таа напивка, како и сите други магични напивки не е безопасна. * На ова место одеднаш прекинав со пишувањето, бидејќи во духот ми се јави кристално јасно прашање: – Зошто ја лажеш?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
1. Драги Аристин, Вие можеби имате раце и глас од коишто треперат женските уши, мустаќи кои ја разубавуваат вашата насмевка и насмевка која ги разубавува вашите мустаќи, но тоа нема да Ви помогне да станете јунак на оваа приказна.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)