другар (имн.) - брат (имн.)

Си пиел ли некогаш, другар брат? се сети пред тие клепки на млаката вода во бокалот и сфати дека во тој миг пука во него бездна на рамнодушност. Во неа, како лавина, неотпорно се тркалаше отпорот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Чао, другар брат, го сети минатото под грло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Има некое недоразбирање меѓу нас, другар брат, мислеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Неизвесност, се сети. Во него нарасна горчлив прилив. Но ништо, другар брат, не е неизвесност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На здравје, другар брат. Чао. Чао? Се изненади. Чао, како тогаш кога се убивав со ракија во темната соба на хирургот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Чао, другар брате. На здравје... Чао, Оче Симеоне, му рече еднаш мрачниот хирург.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беше сплеткан до грклан во своите врвици што водеа кон нигде. „Решуваш гатанки, другар брат?“ Брат му ги стегна јазлите на тие врвици. „Сѐ е решено.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоа постои, другар брат, и постоиш ти со своите болни гради.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А и ти не верувај дека сум реакција.“ „Не, ти не си реакција“, рече брат му. „Ти си само зло.“ „Решуваш гатанки, другар брат?“ Меѓутоа мислеше за себе со горчливост ти се замрзнуваат врвците и јазол се, зол вепру, мислеше со секој грч на нервите, и се потсмеваш само за да не паднеш на коленици и за да не молиш за своето утре.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не, другар брат. Ти нема да ме стиснеш во свој параграф и да ме залепиш со печат во своја графа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)