Јас ја изразувам желбата на македонскиот народ од овие држави дека тие сакаат да ѝ се приклучат на својата татковина".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Овие известувања на американските претставници за истапувањата на видни бугарски и југословенски политички личности, кои се залагале за унија меѓу Југославија и Бугарија и уште повеќе за обединување на Македонија, во услови на нова идеолошка поделба меѓу големите тројца, секако не биле од интерес за владите и на САД и на Велика Британија, бидејќи таквите активности не влегувале во нивните повоени планови за уредување на светот, а особено ги немало во политиката на Велика Британија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Нашата партија тоа го увиде на време и во 1967 година, како што ви е познато спроведе тотална забрана на религијата, а од 1976 година новиот Устав одреди албанската држава дека не признава ниедна религија и работи на атеистичка пропаганда.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Забелешка:
треба што подетално да се објасни
случајот кога обајцата здогледавме
некои црвени дрвја
немоќни да прозбориме
свесни дека црвените дрвја се зборот
кој го означува раѓањето
на овој културно- историски споменик
под заштита на државата
дека црвените дрвја се знак
за нашето враќање
во петтиот век
и дека го разбираме
јазикот на тоа време.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Но тоа траело кратко.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Државниот удар бил искористен од медиумите за да се подигне моралот на јавноста во Велика Британија и во окупираните држави дека не само Велика Британија туку и Кралството Југославија му се спротивставува на германскиот експанзионизам.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)