држава (имн.) - каков (зам.)

Беше тоа наредникот Десимир Пенезиќ, наочит и единствен тој од сите други војници неупреклив со жителите на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ете тогаш, кога Потковицата беше завојувана од Србите, кога од страна на Началството постоеше заповед никој да не се добира до војниците, да не им прави услуги и да не прима услуги од нив, кога отворено се зборуваше дека божемните сојузници се полоши и од Туците и дека се токмат тие да ги заменат нив ( во Потковицата сеедно и сеедно пристигаа гласови од сите краишта на Македонија дека новите завојувачи ги прогонуваат и ги убиваат нашите учители и свештеници,дека ги ограбуваат и ги палат нашите села и светилишта) кога се изјаловија нивните надежи дека Македонија, по победата на Сојузниците над Турците, ќе добие своја автономија и ќе стане држава каква што станаа тие, Србија, Бугарија и Грција, кога сите беа обземени од очај дека ќе останат без татковина, при крајот на Првното србско, во летото 1915-та, се случи една од чупите Јанчески, Благуна Василичина, да се измами по еден од војниците сместени во поранешното училиште.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Најголемата снага на малите мултинационални држави каква е и Македонија е во нивната очајна милитаристичка слабост и нивното скоро безначајно политичко влијание.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Несомнено, таквите тежнеења на политичките и воените лидери биле "сметка без крчмар", бидејќи во заднината на војната веќе се воделе преговори за повоеното уредување на светот во кој немало место за уште една нова самостојна и независна држава каква што била Македонија, било да е обединета или само во делот на Македонија надвор од рамките на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
ИНТЕРЕСНИ СФЕРИ
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Само темите се менуваат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Затоа сите три воведни говори беа досадни: на љубљанскиот градоначалник Рупел, претседателот Кучан и потоа и почесниот гостин, Мери, претседател на иста таква банана држава каква што е нашата Словенија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И обично се чини дека трајат цела вечност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)