дремка (имн.) - на (предл.)

Во спојувањето на сонот и јавето во спонтана дремка на парче сунѓересто легло, заѕвони ново сознание за старата мачно изгаснувана желба - да се биде како другите.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Пчелките нежен касај ми оставија, ко цветови од црвени усни Во дремката на ноќта, празноглав со стакленици ги потпирав капаците на темнината Во небото ѕвезда Деница светкаше Мракот се стопи во зракот на утрото Со сиот жаргон се обидувам да го спасам денот кој навестува нова мора... залудно
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
6. Ти доаѓам забрадена со море и песна Како ден за проштевања роден Јас, дремката на ливадите Јас, името на бездните Да те бакнам во челото на спокојот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Го протресоа стомакот малку посилно, онолку колку што смееја, но таквото лулнување само ѝ годеше на дремката на У.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)