Кога ќе му кладат самар на добитче, првниот товар дрва ќе го разделат „за здравје“ на комшиите, а кога првин ќе меси девојче буле, ќе го разделат исто за здравје, по комшиските деца.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
За да се одбранат од бубачки и за празникот, за Велигден, и дрвјата ќе треба да се варосаат, одоздола од земјата и дури догоре, до гранките.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Вие на тоа дрво ќе му ги припишете вашите страсти, вашиот копнеж или вашата тага, цвилењето на неговите гранки, нивното повивање, ќе станат дел од вас, вие ќе се поистоветите со тоа дрво”.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Без дрва ќе измрзневте како глувци. - Ружа уште повеќе се вжешти.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Можеби утре дрвото ќе му го дадеш на друг.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Луѓето знаеја дека дрвјата ќе се мртви со првиот мраз.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Откако Профим успеа неколку пати да ја премине кришум границата за Албанија и да донесе во селото сол, масло, шеќер и газија, спечали пари и го купи сиот брег; ги израстури меѓите на брегот, ги спои малите парцели во поголеми, испланира кои делови ќе му бидат бавчи, кои лозја, кои дрвја ќе ги исече, а каде нови ќе насади, каде патот ќе го рашири, од каде вода ќе довлечка за сиот брег да го наводнува - зафати да приготвува материјал за да го обгради брегот, да не им дозволи ни на луѓето, ни на селскиот добиток да врви по него без контрола, а и да му олесни еднаш на душата што, ете, сиот брег најпосле ќе го стави в рака.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
8. ОД СЕКОЕ ДРВО НЕ БИДУВА СВИРКА - пред оваа разновидност се симиња капа: зар само свирки да трештат во циркус, некое од дрвата ќе треба и за тапан...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Кој каде да одеше, сите се стечуваа на плажата, каде што меѓу камењата во водата и корењата на дрвјата ќе се најдеше по некое вирче ситна песок.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но тоа беше само во пчетокот, потоа и каменот и дрвото ќе ја сфатеа вистината.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Прво сега вие ќе ја исечеге целата оваа шума на хилот Тумбица и секој дрвата ќе си ги донесе дома.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Утре пак дрва ќе ти набереме - му рече Горјан и му даде пари за цигари.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Навечер, кога сенките на дрвјата ќе се згуснеа, кога зеленилото ќе потемнеше, и проодите низ дрвјата ќе ги затвореше, тогаш логорскиот оган, силејќи се да се крене што повисоко, ги голташе сувите ветки и фрлаше светли снопови растргнувајќи го мракот што понастрана од логорот.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
И тоа што не беше од камен – се скамени Та народот на крст ја преноќи ноќта Слушајќи како пеат светците темно како пред погуба: - Тој што ќе го прескочи Светото дрво Ќе управува само со ѕвездите И пусто ќе биде никој ако не го прескочи.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Беше натаму зошто тој што не ќе го прескочи Светото дрво Ќе остане на спротивната страна од сонцето Како писмо издлабено во камен и така заборавено.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)