Потоа паднал преку мртвиот и го продолжил својот нов занает со заби, на кучешки начин кинејќи ја 'рскавицата на гркланот додека крвта од она место кај што му било увото се мешала со нешто потемната крв на проклетиот татко, неколку години потем на тоа место да не никне ни најдива тревка...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Месечината ги пробиваше здружените круни на дрвјата под окитот во ретки, испокинати и морничави светли пруги, кои на таа модрикава темнина ѝ дава некоја сина глобочина, а самите во една ваква зачмаеност личеа повеќе на врескање, отколку на месечина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Откако ги стави дрвата под ниската стреа, залепена до јужниот ѕид на колибата, заградена од три страни со штици а отворена од предната страна, Бојан влезе во колибата, задржувајќи се таму десетина минути.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Оттогаш, во знак на набожна покорност, поколенијата на едноокиот, најверојатно по совет на некој свет човек, носеле на левото уво златна обетка и иверка свето дрво под гушата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Доста се позадржа со децата. Ја крена тавата, ги смете и нивните ронки, и кога Илко ги истури дрвата под огништето, му рече: — Ајде сега да одиш да го ватиш црниот петел шо сака сестрица Митра да го коле.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)