За сето време додека чекореше меѓу дрвјата тој веќе ниеднаш го немаше во себе она подмолно, проклето и застојано чувство од сите поминати денови за себе си сосема сам; постојано беше со оној напред; тоа сигурно и неотуѓиво му го носеше сето тоа време оваа крвава трага, што се протегнуваше меѓу нив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А тука беа ридои голи и долу Човек пеејќи ги успиваше лилјаните в поле И жени стоеја до Светото дрво И редеа: - Кој ќе го прескочи Светото дрво Тој ќе управува со божилакот И ќе ги победи сите болештиње и води.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)