дочек (имн.) - на (предл.)

Ако со бурекот си го поделил и срцето на пола, па таа една дропка од органот си му ја подарила засекогаш, а вечноста тогаш траела неколку месеци плус еден дочек на Нова година, што значи до утро, тоа не е за заборавање.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И решија да го поканат штурчо на дочекот на Новата година.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Можете ли да замислите, тој ми откажа, како да се работи за некоја секојдневна, вообичаена, банална, здодевна или депласирана работа, а не за романтичен дочек на Новата година со саканата жена.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)