доцнење (имн.) - на (предл.)

Тој беше толку деконцентриран поради доцнењето на Марија, што не можеше да се сосредоточи дури ни на наједноставните трикови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како резултат на доцнењето на платите, работниците од повеќето погони се собираа и мирно штрајкуваа на своите работни места.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Честопати се случуваше работниците да земаат „плати“ кои беа во висина од 60% од основната плата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Додека се враќаше дома со камиончето пренатрупано со реквизити за јавни настапи, го гледаше одблесокот на пролетта врз палмите во Пасео де Грација и го потресе злокобна мисла за тоа каков би бил светот без Марија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пред да стигне возот, Татко, како најзагрижен од сите патници кои вистински патуваа, се распрашуваше за непредвиденото доцнење на возот, за промената на возниот ред.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)