достигнување (имн.) - на (предл.)

Мојот пријател Едгар Морен, умее многу поуспешно од мене да ги вреднува високите книжевни достигнувања на Старова, автор на една магистрална книжевна хроника за едно семејство во текот на XX век што претставува несомнен придонес за нас западните Европејци подобро и подлабоко да ја разбереме балканската историја низ впечатливи филозофски метафори.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имено, наместо да означува трансформација на (поголемиот дел од) општествениот и државниот капитал во приватен и воведување на пазарни механизми во економијата, овој поим беше ефемеризиран до значење – достигнување на стандардите на западните земји во политичката и особено во економската сфера.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Средствата за достигнувањето на оваа цел беа чисто културни, па сепак и овој план ние не успеавме да го реализираме, бидејќи приврзаниците на идејата за „голема Србија“ го кренаа и против него својот влијателен глас”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа безначајна значајност на македонската политичка борба на културната сцена се состои во тоа што: 1. процедурите и настаните во таа борба ги заменуваат и потиснуваат достигнувањата на онаа автономна културна продукција што вака-така е создавана во времето на социјализмот; затоа што 2. замената на културното производство со културнополитичките дебати не е ништо друго туку оживување на идеолошката машинерија на општеството преку интелектуалците кои, по промените од 1989/90, пак ги заземаат оние истите двојни позиции на лојалисти и воедно критичари на власта, позиции што ги заземаше и некогашната интелигенција на просветлениот (СФР)Југословенски социјализам; и конечно 3. затоа што учесниците во актуелните внатремакедонски борби се заправо носители на една иста концепција за култура - а тоа е идејата за „висока култура“ со која се репрезентираат државата и нацијата. Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Достигнувањето на Партијата е во тоа што создаде систем на мислење во кој и двата услова можат истовремено да егзистираат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)