Сведоци сме на прогресивна ерозија на границите проследена со создавање на нови.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
51 Како што вели еден од водечките теоретичари во оваа област, Гери Маркс: „Последните достигнувања во областа на комуникацијата, надзорот и сличните технологии на некој начин го намалуваат значењето и ги менуваат традиционалните физички, географски, просторни, правни и временски граници, правејќи ги повеќе од ранливи... а, делумно како одговор, се создаваат нови граници.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
На негова иницијатива, еден тиражен весник отвори специјална рубрика, во која доктор Миха еднаш неделно одговараше на прашања од читателите; читателите се јавуваа со иницијали, со псевдоними или анонимно, изнесувајќи свои случаи или случаи на свои; а доктор Миха им одговараше опишувајќи различни слични случки од својата псијихатриска практика, гарнирајќи го тоа со популаризирање на најновите достигнувања во таа област, и, се разбира, почитувајќи го интегритетот на своите дотогашни пациенти со тоа што наведуваше само еден иницијал од нивното цело име.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Јас му ги познавав слабостите и способностите, па дури и силата, и знаев дека неговото највисоко достигнување во секоја недопустлива и срамна историја може да биде улогата на сведок кој дури и таа задача делумно ќе ја изврши.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Едно од најрадикалните достигнувања во подрачјето што го опишуваме ќе биде она што се однесува на кибернетската еротизација на мозокот, односно кибернетското владеење со централниот нервен систем и со влијанијата врз него.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Уште како средношколец, дивеел по нашите улици со најновите автомобили, кои во тоа време, некаде 60-тите години, беа реткост во нашава државичка, па дијаната се сметаше за врвно достигнување во технолошките процеси.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)