Покрај поголемата експлицитност на одредбата, ЗИТ (1997) ја предвидува и дополнителната поволност работникот, своето барање до инспекторот, покрај писмено, да може да го изјави и усно пред него – а новина е воведувањето на можноста инспекциска интервенција да побараат и кандидатите за вработување, односно лицата пријавени на јавен оглас кај работодавачот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во врска со известувањето на работникот по извршената инспекција, за разлика од ЗИТ (1985) – ЗИТ (1997), предвидува само доставување писмено известување за утврдената состојба (чл. 16, ЗИТ/97).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)