доселеник (имн.) - од (предл.)

Тука, на плоштадот Свети Марко во Венеција доселениците од Македонија неодложно се потсетуваат дека од памтивек се навикнати на печалби и селидби, навикнати се водата постојано да им е до гуша во живеачката, навикнати се и кога пеат да ја колнат туѓината.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
РОЛНИТЕ НА ДЕТСТВОТО НА ДОСЕЛЕНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА НА ПЛОШТАДОТ СВЕТИ МАРКО ВО ВЕНЕЦИЈА
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Така велат доселениците од Македонија за пропаѓањето на Венеција: ако било пишано да се пропаѓа, тогаш нека се пропаѓа барем отмено, сосе Венеција - живо сведоштво дека на селидбите на Македонците сепак не им се гледа крајот и од највисокиот морски светилник
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Доселениците од Македонија во Венеција не ги читаат босанските поети кои пишуваат за потонувањето на градот – чуму да се чита потонувањето, велат, кога ние секиден го живееме тоа, чудо големо, градот потонува, ама ние секогаш сме над вода, мешаме малтер за обнова на старите палати, во малтерот, напати, за курбан, мешаме и по некој спомен од детството, а каде што треба, во обновените ѕидови на операта Феличе, на пример, заѕидуваме и по некоја нашинска песна, да се најде ако затреба, а каква што е непредвидлива иднината, секако и ќе затреба.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Куферите им се везден надуени, а душите пак им се делат на четвртинки: три четвртинки за во родниот крај, една четвртинка за тука.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Во тоа време, некако со тивката побуна на селаните од намуртеното Кукулино и од Побожјане, Кучковица, Мирковци и трите осамени куќи над Јанакан, некој доселеник од Измир, Селџик-бег, по татко Турчин, по мајка Ерменец, осиромашен куц поет, запишувач и опишувач на обичаи и познавач на народи и балкански јазици, застанал на страната на ограбуваните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чекајќи брашно, и самите лути или замислени, и самите врзани за испуканата земја на недарежливите ниви, понекогаш дочекувале пребој. Не за добитокот. За себе, за софрата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)