допир (имн.) - во (предл.)

Стануваше јасно. Беше оставено Х.Х. сеприсутно да биде задолжен за моето враќање, за сите мои допири во земјата со институциите, со луѓето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Реткост И ноќва си таму кај што си... како воздухот со мене секаде... мисла во мисла, допир во допир продираш во темнината и заспиваш на мојата дланка...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
За да создадеме потполно чувство на допир во виртуалниот свет, потребно е да се направат многу работи, сите тешки - а некои дури и невозможни.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Од тоа руно трпеливо и споро се ронеше тој снег, паѓаше бесшумно и кружејќи, имаше чудно мек допир во својата залебденост, носеше блага вртоглавица во погледот, со онаа чудна развиорена спорост на своите роеви-роеви снежинки, што надоаѓаа повеќе од сите страни отколку озгора, густо и со некаква волшебност исполнувајќи го просторот меѓу небото и земјата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Допирот во процесот на осознавање почесто делува во соработка со другите сетила, пред сѐ видот, затоа т.н. хаптично осознавање на тродимензионалноста е можно дури и при симулација на виртуелни тела, какви што се холограмите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Секое движење е допир во мене.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Сетилото за допир е при­лично материјално, непосредно, исто така е и егзистенцијално сетило кое што има важна когнитивна функција (да споменеме дека детето ја осознава околи­ната токму со допирање на предметите), но очигледно сè уште нема референт што одговара, значи предмет што би можел да се конструира во повисоко тео­ретско ниво на сетилното.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Оваа питома и кротка душа се топеше во твоите нежни и топли допири во долгите и студени зими.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Дај ми само уште еден гриз од убавите, вкусните и неодоливите моменти, во сочните и зрели делишес плодови на разиграните секојдневија ќе уживаме заедно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)