Јас и ти, вистинско време за страст, од жештината ни се лепат усните и после допирите се чувствуваат капки пот по вжарените тела, а импресионистичкото менување на светлината ги открива нашите интимни тајни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Допирот се претвори во прегратка и се случи експлозија од блажена топлина сред студените ѕидови, дамарен трепет кој заврши со спој на две врели усни.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
На ова тело сеуште ги чувствувам трагите од тој допир, мек, нежен, сигурен.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)