Сега Трајче ѝ беше на мајка си сета надеж, хранител и домаќин во куќата.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
А ние се есапиме за домаќини во селово и не треба сами да се правиме ќотии.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Но, домаќините во Прага ни велеа - Среќно преку Цинвалд!
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
По малку, дојден на себеси, тој се накашлува како што прави секој домаќин во својот двор.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Кога и други домаќини во текот на патувањето ми ги упатува истите зборови дека „ме читале”, без никаков одговор на моето прашање, беше јасна наметната провокативна алузија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ване немаше друго, освен да си помисли: кусур по кусур - учкур, учкур по учкур - ќурк, ќурк по ќурк - куќа: така се станува домаќин во сите времиња, така се станува домаќин и во сите невремиња.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
До него имаше цел коридор од десетина луѓе, кои требаше да симулираат љубезни домаќини во асолна куќа.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)