Кога стигнува Гуши од Прилеп, јас сум способен да му приготвам ручек: ситно издробени пиперки, потпржени, два домата во нив и на крајот две јајца во смесата што врие. Како додаток: лубеница.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Со многу суви везени пиперки и узреани црвени домати во земјен грнец, убаво поклопен, убаво околу наоколу залепен со тесто и на оган од суви говедски лепешки.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Наспроти нана ми, која од секогаш (а и денес, во деветтата деценија од животот) задишана, со рафални реченици без точка, стига во последен миг да исечка и додаде домати во тенџерето, да ја избрише трошката прашина на најгорната полица во шпајзот или пред легнување, вешто да ме истрие со комова за превентива, дедо ми беше убеден дека брзината победува секакво знаење и задоволство. „Ќефот“ е најважен.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)