дома (имн.) - наш (прид.)

Гледај, вчера од домата наша сè нешто донесов: клавчиња пченка, пиперки се исушиле - ненабрани, ненанижани, кокошки седала со јајца наполниле.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Да си седиме мирно. Да сме си блиску до домата наша...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Не ми доаѓај, мила мајчице, не ми доаѓај под сртовите пелистерски - Може токму тогаш да намине и да ја одмине домата наша...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Нели зборувавме пред Митровден да слеземе во селото, да се прибереме во домата наша? - Ѕвезда нишна глава.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Ѕвездо, леле, ќерко моја - Ѕвездооо - сум го дочекала и пречекала на прагот од домата наша - како што си ми нарачала наживо, и насон си ми повторувала - си ми велела.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Тој ја отвора вратата и со десната нога го пречекорува прагот на домата наша. Се крсти пред иконата.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)