дом (имн.) - на (предл.)

Со оваа нова градба, како и со блискиот Дом на Армијата, изграден на местото на една џамија во форма на бурма и позната како Бурмали–џамија, спроти зданието на големата банка, со зданието на големата железничка станица, една од најубавите на Балканот во речиси ориенталната касаба, се наѕираше моќта на новата држава.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Под закрила на ноќта, наредните денови Евреите на Закинтос заминуваа во планините, секоја група со организирани предводници, семејство по семејство наоѓајќи прибежишта по домовите на најчесто непознати луѓе.  Вечерта пред да замине со своето семејство на побезбедно место, рабинот Елеазар Корео побара да го види својот пријател од школските денови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Наспроти калифорнискиот Дизниленд на овосветовната радост, ова е дом на знаците, сенките и сеќавањата на еден непостоен, бивш живот кој стега во грлото и пече на работ од очите.  Самуел Ароести гледа преку оградата на Монополот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Рабинот го фати под рака својот другар од школските денови и го однесе во другата просторија. Таму сѐ беше на своето место.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од булеварот „Монпарнас“ кој стрмо се спушта кон „Домот на инвалидите“, од десната страна се наоѓа една мала и незабележлива уличка, на која стои натпис „Музеј Бурдел“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Меѓутоа, овде, во Домот на инвалидите, ми се создадоа две можности за мал одмор.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Разгледувајќи го Домот на инвалидите се најдов пред влезот на големата црква „Сен Луис“, која е составен дел на Домот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пред Домот на инвалидите имаше многу странци што чекаа на ред да влезат во овој спомен -музеј, посветен главно на Наполеон, зашто тука е и неговата гробница.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Интересно е во Варшава,наспроти огромното здание на Домот на културата, да се види осамената убавица - новиот хотел „Форум“, граден според шведска лиценца и со шведски кредити.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Како што на секоја стрела целта ѝ е однапред зададена според записот од предците, па она во што се нишани речиси нема никаква врска со Погодокот, така и новите песни на Поповски вежбаат тишина опасно приближивајќи му се, де на зборот, де само на вокалот каде што зборот влегува како в дом на врисоци и болки!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Обмолчен е Домот на боговите. Под кулите на тврдината Саксауман во Куско кога молчат, сите молчат на кечуа, главниот јазик на царството на Инките и молкот на сите им е облечен во промена од слезова боја.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
3. Страшило од корени од жед и од глуварки со лелек од шупливи гради на мртво стебло Ноќта ги негува тешките црни молчења во невидливите градини каде студенее летото Ниту една планина во мојот говор додека се враќам во домот на претците.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Дете на градите на мајката Загледано во ѕидот на куќата, Девојки скриени во житата со небесни цветови во косите, Црвена светлина што се слуша отаде петровденските камбани, Светулка скаменета на отворена книга во дворот, Коњ што фрчи низ ветерот над реката, Стар часовник што бие меѓу прозорецот и ноќта, Име врежано во каменот на соседот, Бела пеперутка што се буди во тревата, Жнеачка што му шепоти на плодот во неа, Девојка што се крие во душата на темјанушката, Старец што оре со погледот по мапата на татковината, Буква скриена меѓу црешите За да не може да се соопшти зборот што е неопходен, Победници што се плашат од пепелта на поразените, Денот на нејзиното раѓање – меѓу два глужда на црешата, Непрепознатлив глас што шета низ темнината, Младичи што којзнае Од која страна на времето заминаа, Пролетен ветер што тропа врз твојата песна И ти Што сакаш да ме прашаш Уште ли живееш спроти нас, Во пустиот дом на старичката?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Како дар од нејзините жители и од Акиноските, понесе пет канти со мед, пет канти со овча маст, толку со сирење и восок, неколку јунци и повеќе шилежиња - за да има пресно месо до дома, до Константинопол, а како спомен од себе, покрај двете смртти на браќата Акиноски, го остави и она одликување кое во домот на Акиноски, во едно дрвено ковчеже, заедно со други семејни реликвии, на полиците во гостинската одаја се чуваше до целосно пропаѓање на Имотот, во времето на распуштањето на колективите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Оние пак кои веруваа дека записот е во врска со царот Јудејски, Соломон, поделени на две војски беа: некои записот го сврзуваа со богоугодниот, а некои со развратниот дел од животот на пресветлиот Соломон, оти, кажано е за него, во книгата Сирахова: „Соломон се зацари во мирни дни, зашто Бог од сите страни мир му подари, за да изгради дом на името Негово и да подигне светилиште вечно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога се решила сосема да се врати во домот на своите родители скоро и физички заболела и долго не можела да се поврати.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Друг, пак, подуен како насмукан крлеж, јадеше сѐ до што ќе дојдеше во домовите на своите засонети граѓани, притоа испуштајќи сладострасни издишки и кркорења.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сите тие нешта се среќаваа во мене, во моите болувања, во нејзиниот страв за мојот живот, затоа и ме мразеше толку, говорејќи со глас со каков се изрекува смртна пресуда, “Ќе беше подобро да не те родев,” затоа и ме сакаше толку, ме сакаше до заборав на сопствената несреќност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Се наближуваме,“ рече, кога навлеговме во делот од градот што ми беше познат од онаа прошетка со брат ми, кога тој сакаше да ми покаже како изгледа дното на Виена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Полека тргнав кон мојот дом. Чекорев бавно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Рајнер ме чекаше во својот дом за да може да заспие.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас не појдов по неа. Се подвратив до домот на Рајнер, но не тропнав на неговата врата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таму во градината, кога времето го дозволуваше тоа, или пак, кога студеше, во куќата, Фридрих Рихтер нѐ учеше како точката се развива во движење и линија, како линијата се шири во површина, како површината се претвора во простор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека чекоревме по градот, Рајнер гледаше во парчето хартија кое покажуваше по кои улици треба да се движиме за да стигнеме до домот на неговата мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Откако тој се врати од болницата во својот виенски дом на улицата Шонлатерн, секое утро излегував од дома велејќи дека одам да читам во библиотеката, оставајќи го зад себе префрлувањето на мајка ми дека моите врснички по цел ден остануваат дома а излегуваат само со своите мајки, или некој друг повозрасен член од семејството, за да не си го нарушат угледот кај договарачите на бракови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мама можеби и не можеше да не ја засече таа рана во мене – јас бев точката во која се среќаваа и се разделуваа сите нејзини болки: предвреме завршените мечтаења и бракот со човекот кој тукушто станал дедо, смртта на вториот син и одгледувањето на своите деца во беда, постојаните преселувања во сѐ помали станови, рибањето на подовите во домовите на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека ги води кон неговото омилено место, зад куќата, госпоѓа Цимер се обидува да им ја објасни состојбата на нивниот омилен поет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше дваесет и три години и беше убава како што некогаш беше Роза, најубавата од нас петте сестри.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми беше прашал дали мене би ми било дозволено да ги посетувам часовите, на кои потоа ме водеше секое неделно претпладне, во домот на својот професор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Петмина млади пријатели одат во Тубинген со некаква светост во срцата, како да одат на поклонение, затоа што таму, во домот на столарот Ернст Цимер, живее Фридрих Хелдерлин.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во утрата, додека уште можеше да се излегува надвор, се прошетував до зградата во која беа становите на Зигмунд и Роза, понекогаш ќе заѕвонев на вратата од домот на сестра ми, за да ја разбудам внука ми Цецилија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нивните односи беа поблиски отколку само како однос помеѓу професор и студент: Мисирков често го посетуваше домот на својот професор и разменуваше писма – на полски и на руски јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Започна да трага – отпрвин незабележително, потоа сѐ понервозно; на третото зајдисонце, пред гробот на мачениците во апсидата на мартириумот, еден од доушниците му дошепна дека каменот е сокриен во домот на трговецот Моше, синот Азаев, во еврејскиот кварт.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Окован со мисли беднику со нокти зениците ми ги откопа... Умрете, за да живеете во вечниот дом на непреболот- немирна душа тихо шепоти...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
За евентуалниот недостаток на „вкоренетост овде“ (што можеби ќе го почувствувате), рутински ви се правдаме: нашиот дом под ѕвездите се маргините, т.е. ригите на костимот за капење (што фураат накај хаос, накај непредвидлива сложеност!) на давеникот во примордијалната супа, во млечната каша надробена со ѕвездички од тесто итн - апстрактноста е нашиот дом, така ли, за разлика од концептите за дом на господинот Контра Банда(ш), на пример.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Покрај сѐ, во домот на Ѓорѓе никој не помислуваше да ја ослободи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако чекорите кога Рада се приближуваше кон домот на Крстиќи, ѝ беа тешки како туч, сега чиниш ѝ се претворија во крилја.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Веднаш по првата недела од вселувањето во домот на Томо и ги предочи правилата на однесувањето и нејзиното место во куќата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можел да загризе и во врат на ѕвер. И сепак ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Без објаснување во себе и за себе, темен и тромав, неприродно наведнат над живото петно во мантија, со претчувства барал да ја прочита вистината од челото на заспаниот, најпосле, навистина, куќата горела, некој пуштил од дланка пламната птица врз 'ржениот покрив, Гавруш Пребонд или попот Панделиј Каламарис, и тој станал бескуќник; спиел во тесниот дом на шурата Адам Лесновец, јадел негови компири, благословувал на софра со негово вино и осамен бил: не му треба жена, топло месо под ленена кошула и подвижни мали дињи под кожата на градите, му треба мајка на двете негови деца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Инсталацијата за снимање што Богдан Русимиров во службениот стан на Ема Ендековска, додека таа беше во домот на Нинослав, ја постави ноќта, на 15 јануари, даде солиден резултат (одредницата солиден беше оценка на Шефот кој, по правило, во општењето со другите, па и со најблиските, се обидуваше да не се расфрла со крупни зборови).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Полесно е да излезам да го барам тој мост, да излезам во потрага по себе и да се најдам како сега, зашто веќе изодев половина мост меѓу извици и аплаузи, меѓу „Албенис!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ама ова, си го мислев јас, внимавај, исто како што си правев анаграм Е кралицата и... наместо Клара Аицети или како што си ја замислувам мама во домот на Суарезови, а не крај мене.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Се договоривме веќе - шибај сам.“ „Ти реков - ќе бидам на стража пред домот на највеличествените бројки на глобусот.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дента беше цел ден во офицерскиот дом на последните припреми, отиде до дома на кратко да се истушира и спреми, се облече во едноставен светло лилав со ситни бели точкички фустан од жерсеј кој на ивиците беше украсен со едноставни дантели.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
На ручекот во домот на Паскали, подготвен од неговата неуморната и пријатна сопруга, Французинката Луција, зготвен според француско и македонско мени, се пиеше македонско вино, а за крајот на ручекот Паскали отвори шише шампањско, кое било наменето да се пие по операцијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Домот на лордовите“, рече старецот потсетувајќи се.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Следните денови, Карл и самиот се чудеше колку убаво се чувствува во домот на овие четири жени... Како отсекогаш да бил тука.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Посетата на лекарот во домот на Марија, за неа беше вистински празник. Па и за сите во семејството.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Само со чисти сонови во чиста Европа Макар што Европа се римува со тропа А некои дури велат дека Европа Им личела на старски дом на историјата И во неа имало пржен воздух преку сите мерки А накај НАТО се одело во јато Освен ако некоја гуска не се загуби по пат Кога се сонувало за Европа и НАТО Не се штедело боја за крвната слика на нацијата Колку подобра крвна слика Толку посилна одбранбена способност
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Дом на орли и којоти, татковина на змии и зајаци, населена со ветерници и далеководи што како индијански племиња демнат на хоризонтот, пресечена со пруги по коишто пловат долги композиции на коишто не им се наѕираат ниту почетокот ниту крајот...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ќе ти кажев дури и кој ѝ ја рашири вратата на нашава убавица Росана за да влезе во салонот на Домот на Армијата на онаа грандиозна прослава што не ѝ слегнуваше од устата цели три недели.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Стоиме на брегот на океанот и молчешкум запињаме погледите да ни се вкрстат таму далеку во родниот крај баш во домот на третиот ни брат.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
На крајот би организирале изложба во холот на Домот на хуманитарните организации и литературен настап на најдобрите млади творци.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Председателот Томе истакна СООПШТЕНИЕ- Сабота во 10 часот се поканувате да присуствувате на прва дискусија - аерозагаденост - што ќе се одржи во рамките на Европскиот проект за здрава ученичка средина. Во домот на хуманитарните организации. ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Мермер црвен, сиви дамки, празни души, лист вртат на друга страна, домот на правдата се гуши, неправда додека дели.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
ПРВАТА ЖЕНА: Оваа, мајка ти, е многу лоша станата, постојано нешто ме боцка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А кога беше дете сѐ на моја страна беше, ми помагаше, од пет годинки ја оставав да ги чува другите деца, беше како мајка, зашто јас морав да го следам дедо ти, постојано одевме на игранки и матинеа во домот на ЈНА, а редовно мене ми се восхитуваа и на убавината и на умот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сестра ми дојде. Мали брачни расправии, па малку во стариот дом на регенерација.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)