Ако среќавањето пред тој јунски ден, во јануари на таа година, со пламените стихови на „Очи“ и „Љубов“ говорени од Ацо Шопов на конгресот на македонската младина во скопскиот офицерски дом беше сето во егзалтацијата и патосот на големото славје на слободата и во првата фасцинација со убавината на ослободениот македонски јазик, доживувањето на Рациновите елегични, чемерни стихови на болката и убавината на неговата Балада, се откриваше како трагично идентификација на самиот Рацин, во смртта, во онаа „кара смрт“, со непознатиот војник од една друга војна, - Големата, „световната“ - идентификација што ги исполнуваше и обединуваше луѓето во заедничка тага.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Скромниот семеен дом беше вила на три спрата и базен во кој течеше дејствието на филмот кој Бојана и Александар го гледаа.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Но во нивниот дом беше постојано присутна неговата насмевка на лицето. Ведрина, што ја внесе за првпат.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Во домот бевме 1.200 деца.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Атмосферата во домот беше поведра, иако сите ја забележуваа замолчаноста и отсутноста на Јаков што траеше со денови.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сиот дом беше потонат во онаа позната глувотија.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Во домот беше мошне опасно да се фати човек во кражба.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
За некое време целиот дом беше ѕид.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Во домот бевме останале уште само моите родители и јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Веднаш откако Зигмунд отиде да живее во болницата, се омажи Ана и замина со сопругот да живее во Америка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се случуваше Мајка, додека запираше врз овие обележани пасажи, да ги чита гласно, а потем да зборува со некого, во сржта на својата самота, кога најмногу веруваше дека Татко е крај неа... XLI Мајкините доаѓања во мојот дом беа најубавите мигови во мојот живот, во животот на моето семејство.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)