А поарно беше да не го правев тоа и да ја сонував зелената влага на долината во која ми призна гледајќи празно дека со мене те сврзува нешто повеќе од љубовта.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
А поарно беше да не го правев тоа и да ја сонував зелената влага на долината во која ми призна гледајќи празно дека со мене те сврзува нешто повеќе од љубовта.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Одеа меко, тромаво и страшно како оние жолтоцрни дождалци за миг, низ нивната прореденост откри, замисли, со напор на претсмртник создаде бескрајна сомотна долина во која пливаа во роса две синолички.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Одеа меко, тромаво и страшно како оние жолтоцрни дождалци што ги наоѓаше како дете на карпи, и за миг, само за миг, низ нивната прореденост откри, замисли, со напор на претсмртник создаде бескрајна сомотна долина во која пливаа во роса две синолички.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Автомобилот се движеше низ длабоката долина во студената ноќ.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Одам по долината завлечен по облакот од дамнешниот чад над сниските покриви зад меѓите, зад грмојте, зад високите крошни на дабовите зад крушите што се сушат зад сливите што капат зад јаболката во кои пее есента та мириса сета долина на топли пазуви и тихи мусандри во оние стари градски куќи што се вишат во куќите изгубени во правта на калдрмата во куќите чии чардаци чии пармаци уште се свртени кон долинава во која бавно се враќам како во стара книга што постојано се превртува во дланките на осамата.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)