Предговор Секој човек, како член од некоја општина или од некое другарство, има извесен долг и извесни права кон и од нив.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Милоста кон народниот јазик е наш долг и наше право.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Долгот си е долг и треба да се врати. Но, сенарот мислел поинаку.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
И во главата си пробива место, ги зафаќа и ги потиснува сите мисли, нездравата смисла за долг и чест, некое тешко бладање, кое ја мати здравата свест за реалното и можното.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Деструкциската уметност е одговорно ангажирање кон преживување на телото.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Опстанокот, пишува Лифтон, зад себе ја остава „втиснатата смрт“, која е проследена со „јанѕа од смртта, страв од смртта, и со вина на преживеаниот“, вина што изискува „чувство на долг и одговорност спрема смртта“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
(Господи, некој да се осмели в очи да му рече дека сметките се расчистени! А тој знае дека не се).
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Семјон, јас не барам од никого пари, но долгот си е долг и тоа не смее да се потценува а уште помалку да се заборава“, вели студено Иван Степанович а во погледот веќе му се наѕира незадоволство.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Единствено чистачот на чевли на Plaza de Armas знае дека секој тажен ден е бескрајно долг и не се занесува со сјајот на новата епоха отшто во секоја епоха имало и ќе има чистачи на чевли и бескрајно долги денови на тага и на недоветен занес.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Дорош Тарасович Пухивочка, кога патува од Хорол, секогаш наминува кај него.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
А протопопот отец Петар, кој живее во Колиберда, кога кај него ќе се соберат некои петмина гости, тој секогаш вели дека не познава никого, кој така го извршува христијанскиот долг и така добро умее да живее, како Иван Иванович.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)