доктор (имн.) - и (сврз.)

Останатите високообразовани доктори и магистри беа интелектуално понадмоќни од него, но Амди Кола беше далеку поснаодлив и поблизок до народот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Телеприсуството овозможува имерзија при што операторот постигнува поголема контрола на процесите по пат на далечинско управување.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но, во исто време, се отвора психотехнолошки јаз помеѓу докторот и пациентот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Го немаше веќе ни оној професионален јаз меѓу доктор и пациент.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Надежта која ѝ ја даваа докторите и нејзината ревност во лекувањето на стерилитетот, уште одамна требаше да дадат резултат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од лекарската соба излегоа двајца доктори и една медицинска сестра.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можеме да започнеме со насловите во весниците, со жалопојските во уводниците и во контакт- емисиите: дека нашиот едукативен систем се распаѓа; дека нашите студенти се сѐ помалку способни да ги читаат и разбираат зададените текстови; дека tag-line комуникациите, од некои наречени “bite speak”, ги уништи последните остатоци од дискурс во нашиот јавен и политички живот и од инстант- докторите и медиумските консултанти направи наши нови шамани; дека додека комуникациската империја се бореше за глобална хегемонија, издаваштвото падна под власта на „нултото салдо“, и дека ерата на „моќни трендови“ е пред нас; дека фондовите за уметност се кратат на сите страни, додека самата уметност изгледа преживува длабока криза на безначајност - и така натаму.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Легната на кревет со неколку доктори и сестри околу себе во една приватна болница одгледав краткометражен филм со мене и моите црева во главна улога, како кратка реклама за колагенска крема и чај од нане на голем плазма телевизор... додека не ме фати анестезијата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И кон кај што одат доктурите и сестрите, таму ни одат и очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некое војниче ќе викне: напоље! и лиферантите, проматарите излегуваат надвор, а влегуваат некои доктури и некои чесни сестри со капи, ко со крилца од ластовица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кала седна на столот каде што седеше докторот и почна да го жулка Илка по лицето и челото, да му турива со лајче вода во устата, да му ја поткрева перницата зад грбот за да му го олесни дишењето, но тој само ја погледна кревајќи ги очните поклопки со напор и при тоа како да се поднасмевна со крајчињата на устата, и таа насмевка му остана на лицето, згрчена, недовршена.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сѐ што беше прифатено и востановено, кралот, црквата, стилот, тој беше против тоа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сорбона, докторите и сето тоа, тој беше против.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)