Кога го видов Матеј во белиот мантил веќе го гледав идниот доктор во семејството којшто ќе им помага во болестите на своите најблиски и на сите луѓе. Почувствував гордост.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
А неа, Ристана Голушкоска, тогаш млада невеста и трудна со Димка, дури другиот ден, во време пладнина, ја најдоа жителите на Потковицата на мртво истепана и полуосвестена во тремот на куќата нивна и не смеејќи да ја однесат на доктор во Прилеп, се плаѓеа да не ѝ направат поголемо зло, сами ја лечеа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Можеби предвоениот доктор во извесна смисла имаше и право: ако не си признаваше во себе дека тоа му е еден вид одмазда што го послушал да студира медицина, на Миха психијатријата сепак му беше на некој начин бегство од неа (небаре зазор од ѕвекот на коските кај анимираниот костур) или барем дистанцирање од нејзините основни и директни дисциплини.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
„Како така? Зошто така?“ сѐ да знае светот сакал.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Мери со око, го потсекува рамно, прачката не ја пушта долу, зашто тука е дедо Иван, стои зад него како некој болничар зад докторот во операционата сала, и тој ја позема.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И оздрави, кутрата: но од ќотекот си остана алипна во умот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И ведна, за да го совлада јадот, дошол утот Утариус, најголемиот доктор во градот.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Докторите во нас го гледаа она што ветеринарите во нас не го гледаат.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)