доктор (имн.) - кој (зам.)

Од болницата лично ѝ се јави докторот кој го прими и беше задолжен за лекувањето на Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Слушнав дека сте доктор кој треба да се грижи за нашето здравје за време на експедицијава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можете да замислите каква хигиена било тоа за нас, ама не можете да замислите каква екскурзија на мозокот сме си направиле зашто нашата прошетка од 12 чекори нѐ чинеше двојна доза од гинипралот, што во превод значеше дека срцето ти чука како лудо вљубено, телото ти скока како да ти е астрално до плафон, а, што е најстрашно, на дежурство на доктор кој ни во сон не сакаш да го погледнеш, а камоли да ти го погледне стомакот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ти ќе им кажеш на докторите која сум. Дека сум школувана... Паметна... Не сум за овде... Здрава сум!"
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сите се клештеа; вклучително и докторот кој им се придружи, како кец на десетка, иако беше кец ас.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Викнале доктор кој му ја отсекол раката и го отплеткал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се послужиле со скалпел место со ремен или камшик.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Болен човек со баретка баш како на Че Гевара, а и со тажен поглед баш како на Че Гевара, младиот доктор кој со мотор ги обиколува камповите на лепрозните во Јужна Америка.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ова е миг на утринска збунетост: љубопитникот од толпата во Уфичи на едно од платата на Тицијан го препознава Че Гевара.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)