доказ (имн.) - и (сврз.)

Да ги земев, а тоа ни на крај ум, можеби ќе ја подобрев нивната позиција кај наредбодавачите, ќе го дадев својот доказ - „за мојата дволичност”, додека сталиничката држава ќе имаше доказ и право да се пресмета конечно со вратениот емигрант.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Органите на државната управа и правните лица се должни на Државното правобранителство да му доставуваат податоци, докази и информации заради правна заштита на имотните права и интереси на РМ за потребите за постапување по конкретен предмет, во рок од пет работни дена (чл. 12, ст.1 од ЗДП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
3. Разбирање и вера Ти се чини како да ги разбираш празните места во историјата темните периоди кои страдаат од недостаток на материјални докази и сведоштва.  Како да го насетуваш топлиот бран кој доаѓа од задграничните предели на раз-умот кајшто расудувањето се слева во едно со верата.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Без вина, без доказ и без причина: значи, без јасна цел.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)