доказ (имн.) - е (гл.)

Денот и ноќта кога се размеѓуваат, в бунило телата си ги возвраќаат: доказ е спермата плисната на пол-небо, на пол-земја (разбудете се, возбудете се утре кон 4 часот излезете надвор на отворено и погледнете!)
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Клучен доказ е тоа што ниту еден животински вид такво нешто не практикува... како па за сѐ друго да сме идентични со животните: пиеме кафе ко жирафи, играме шах ко фоки, сурфаме по Интернет ко двогрби камили, те цепиме атом ко млади мајмуни.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Доказот е цврст (населени се две, не една тишина!), значи нема простор за сомнеж ниту по прашањето на бакнувачот, ниту по прашањето на бакнежот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Судот може да определи прекин на постапката кога одлуката за тужбеното барање зависи од тоа дали е сторен прекршок или кривично дело за кое се гони по службена должност, кој е сторителот и дали е тој одговорен, а особено кога ќе се појави сомневање дека сведокот или вештакот дал лажен исказ или дека исправата употребена како доказ е лажна (чл. 201, ст.2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Фотографиите не се докази...“ „А што е доказ...?“ „Доказ е вистината”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Судот може да одлучи сведокот да положи заклетва и пред да биде сослушан (чл. 231, ст.1-3 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, дека во концептите очигледно настанува хаос (хаосот е етер!) доказ е и пробивањето во материчниот простор на подрумот (кој служи и за „оплодување“, точка на средба не само меѓу внатрешното и надворешното туку и меѓу машкото и женското, а што можеби е едно те исто?!) на младиот господин Робин, уште еден сперматозоид во беспоштедното умножување на одрази, знаци и медии?!
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)