- А бе, Мила – се насмеав – ама ти е некој сон! Да знаеш ти какви јас неостварливи соништа имам!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Беа пошле да му ја покажат скопската околина на Миклоша, а за тоа Марко доби дозвола од беледието, и згора - уште еден гаваз што на коњ ќе оди покрај нив и ќе ги чува од недајбоже.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Горе, крај главниот пат, некој човек по име Шабан Мемедовски, или Шане Менедовски, луѓето не беа сигурни за името, бизнисмен, што се вели, добил дозвола од некого од власта да направи рибник. Работата беше била напредната.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Секој од горенаведените услови може да биде поништен ако добиете дозвола од носителите на авторските права.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Покрај малечката Пелагија која, чврчорејќи шеткаше наоколу, со претходна дозвола од мајката Перса, Мурџо ги запознаваше мирисите на одајчето.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Како да си ја изорал „Илинденска“ со рало или како да си расчистил шут од една срушена зграда што никнала, а не добила дозвола од власта на време (Ова дека ем ораш, ем плачеш, не за друго).
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Додека јадевме во кујната, Мила рече: - Е, да знаеш, сон ми е да можам да вечерам кај тебе без да морам да барам дозвола од моите. Блазе си ти што тебе не ти забрануваат.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ниту плачев, ниту, пак, се смеев додека перцепирав некое уметничко дело (ТВ филм, ТВ драма, Фестивал на забавна или народна музика „Илиџа“, „Београдско пролеќе“, „Акорди на Косово“, „Валандово фест“), ако претходно не добиев дозвола од него.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)