дожд (имн.) - со (предл.)

Сега ми се меша шумолењето на водата од дождот со шумот од фонтаната.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Надвор врнеше дожд со ветер кој удираше по џамовите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
V. Како дете го дочекував дождот со затворени очи.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Бараа до бесвест, до дожд со секоја ноќ, со секое утро, кога тешко се напушта топлата постела.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе чекам, сам, на дожд со исклештена муцка на волк.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Здодевен дожд со лапавица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дожд со лапавица ги фати дента и тие накиснаа до кожа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сите беа мошне убави и се штитеа себеси и возачот од дождот со стари весници.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А лапајцата не запира. Се отворило небото и се истура. Врне дожд со снег, врне железо. Дроби.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)