дожд (имн.) - ти (зам.)

Зад видикот дождот ти го читам со години гласот ти го питам ни леб си ми, ни воздух, ни вода, а без тебе ниту да се родам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Па однеси ме па однеси ме велам ти детство однеси ме ти песно старост вечна и незаборавна ти најголема илузијо без метафора прозору неспретно отворен грубо длабок за сите бои на вечноста Однеси ме низ овој дожд ти врвицо за да ме вратиш блага во овој пристан мал во ова нежно седло на сонот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)