дожд (имн.) - е (гл.)

Сонцето е поголемо пред бура, вели дедо, секогаш пред голем дожд е поголемо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дождот е благодет. Нека наврне, нека... - зборуваше старецот и изгледаше како веќе да не зборува за луѓето, туку за себе, а и како да беше начисто дека тоа што го зборува не допира до нив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Само дождот е здодевен. Никако да запре. Со денови врне.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ѓоа не знаат дека дождот е сеќавање на времињата кога имало сонце.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)