договор (имн.) - со (предл.)

Во последно време овој „добротвор“ многу е изитрен и во договор со големците од Белград ја чисти својата околија од интелегенцијата на еден многу посебен начин.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тито го уверил Маклин дека по изготвувањето на планот тој ќе им издаде наредба на своите команданти на теренот да ги преземат сите мерки за да се спроведе во дело планот во договор со неговите офицери на самото место, чија задача ќе биде да ги координираат операциите кои ги изведуваат партизаните со акциите на сојузничкото воздухопловство.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Подготовките на бугарскиот окупатор во договор со Германците за офанзива на овој терен започнуваат во текот на април 1944 година.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- Заколни ми се, - шепна грозно стариот. Така Гога мораше да го запечати овој таен договор со клетва.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тогаш Бугарите се подготвија да востанат и склучија договор со Србите против Византија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нека не мислат оти тие можат да бидат закопани, како што е закопан Берлинскиот договор со неговиот 23 член за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сегашните руско-австриски реформи многу се разликуваат од Берлинскиот договор со тоа што тие се само меѓународен акт склучен меѓу три држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Опасностите што ги предвидуваше Мисирков и стремежите што ги застапуваше Миловановиќ беа и реализирани: како министер претседател на српската влада М.Миловановиќ во февруари 1912 год. го потпиша договорот со Бугарија за завојување на Македонија, иако не ги дочека и резултатите од завојувачката војна.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бидејќи јас, во договор со адвокатот, бев решен да не скријам ништо од тоа, немав намера да ја осудувам за истата постапка Ема, доколку таа решила да го прави тоа, но сепак, попусто обидувајќи се, без јасно сознание зошто тогаш имав потреба да ја следам бледата неонска светлина што се шеташе по масата и по папката со материјали од досието “НиЕ”, се прашував: од каде таа решеност двајцата да бидеме докрај отворени, која е целта на таа наша согласност, ако е точна мојата претпоставка за таквата согласност, и: во чиј интерес е сето тоа?
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ги паметам овие зборови не по тоа што ги чув туку по тоа што Петре Даскалот, дали по свое наоѓање или во договор со поп Донета, нè натераа да ги научиме наизуст и еднаш засекогаш да ги запаметиме и да ги знаеме, како што ни рече тој, и за добро и за лошо. - Како Очетонашето да ги знаете- ни рече.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Направивме договор со Мало Виштани да ни дадат шуплив гранит и тие ни дадоа, а ние им дадовме да покосат ливаѓе во Бела Војца колку што требаше да се отплатиме за каменот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Директорот на циркусот го раскина договорот со мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Букварот, велат, ќе ги обедини, ќе ги освести и заедно сите ќе се кренат да се борат, и Грција склучува договор со Турција и ги враќа Грците од Мала Азија, сите ги населува во нашите градови, а македонските Помаци ги иселува во Турција, ти ја земаат земјата сосе гробови, а без гробови немаш ни роднини, нивните војници со убиства се фалат во писмата: кој колку Македонци убил, се натпреваруваат во убиствата и затоа добиваат наградни отсуства и нешто друго добиваат,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Австрија потпишала договор со Русија, дипломатите лошо се разбрале, се препиле, левото крило ќе го жртвуваме, непријателот ќе удри по него, а ние ќе го нападнеме центарот.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
СУЛТАНА: Угоре, угоре. Имам јас договор со господ за таа работа. Не ми се мешај тука.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ketubah брачен договор со точно пропишана форма, со чие што вклучување почнува еврејската свадба
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го впивме тоа горчливо искуство на претците со мајчиното млеко, па го заборавивме – сакајќи да ѝ припаѓаме на новата Европа, заборавајќи дека Европа еден ден одново ќе ја сврти кон нас својата крволочна челуст; верувајќи во новата Европа ја заборавивме судбината на нашите блиски и далечни претци, заборавивме на крвта која им била пиена затоа што биле од инаква крв, ги заборавивме неброените судбини на понижуваните, лажно обвинуваните, прогонетите, мачените, усмртуваните, заборавени и од Бог и од ѓаволот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Многу години пред да го напише „Мојсеј и монотеизмот”, брат ми со мајчиното млеко ја вцица и горкоста на изгонетите од земја во земја, на проколнатите заради различната религија и различното потекло, на горените на клада заради тоа што оние другите, кои се сметале за правоверни, со векови лажно ги обвинувале дека фрлале отров во бунарите, дека предизвикувале чума, дека правеле договори со ѓаволот; уште со млекото на нашата мајка тој го имаше примено во себе тој горчлив вкус.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите како да бевме во некаков свет договор со тишината на старата куќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Умерените предлагаат мирољубив договор со козарите. Други се за остри санкции.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во принцип, страните можат да го откажат договорот со отказен рок, кој започнува да тече наредниот ден од денот по врачувањето на одлуката за отказ и за кое време работодавачот е должен да му овозможи на работникот отсуство од четири часа во текот на работната недела – заради барање на ново вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)