Бојсовата лична потреба да се спаси од чувството на самопрефрлување се стопи со идентичната потреба на германскиот народ.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тие својата доверба му ја дадоа на водачот, овчарот, кој ги изневери - на лажен и лош родител.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тој многу добро сфати дека неговата уметност во суштина е психосоцијална и дека во исто толкава мера е производ на искуството од неговото несреќно детство и фантазиите колку што е и од потребите на моментот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Внатре, чудното чувство го напушти и довербата му се врати.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Продолжувајќи да длаби по тие зборови, тој можеше да црвенее, мислејќи на оној ден, кога отстапи, оној ден, кога откажа да биде бригадир, кога ги тресна од земја документите за во Партијата, кога не откаса никаде ни збор за тоа, и кога довербата му остана откината, исто како што може експлозијата од некоја бомба да им ја однесе во војната на луѓето едната нога, или едната рака, и да ги остави сами без неа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Старчето во доверба му шепна дека прво да помине по Либражд и да се држи покрај патот, а ако најде камион, може да оди и со камион, а кога ќе стигне до еден голем град што се вика Елбасан да не го фати горниот, ами долниот пат.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И тогаш наеднаш се досетил бистриот Капетан. Живкович мислам се викаше.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А потоа, во доверба му нашепнал: „Ни дале наместо боева муниција, од онаа, другана, што служи само за воени вежби. А таа не убива, руски пријателе. Зар не мириса тоа на предавство?“
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И една ноќ, кога Мајка ги почувствува првите болки што го најавуваа скорото раѓање, го повика Татко и во доверба му рече: – Дојде времето да ти откријам една тајна.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)