доаѓа (имн.) - на (предл.)

Се разбира тука е и оној најважен ден, да не го заборавиме, во кој за првпат го слушнав плачот на син ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Никогаш нашиот егзил нема да биде залуден, пееше Дарвиш, по својот полвековен егзил, за вечното враќање дома на Палестинците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Па затоа седеа во градината гледајќи го зајдисонцето и постепеното доаѓање на квечерината.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Никодин ненајавеното доаѓање на Рада, како и секогаш, го гледаше со недоверба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Само уште да напоменам: тоа изгледа беше најбогатиот и најубав ден за мене, по оној, кога се случи моето доаѓање на Сина Скала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби ќе го најде за миг во катедралната црква Света Софија, по речиси три децении од првото доаѓање на бреговите на Езерото, ќе трага по клучот на бравата на слободата, ќе ја најде отворена вратата на катедралната црква Света Софија, во храмот таа ноќ престорен во поетски храм на добрината и толерантноста на поворката избрани поети од светот на Езерото, татковина на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)