Знаеше дека операцијата и истрелите по него не беа сон но од криењето во урнатата куќа до средбата со црниот агент се протегаше темница без дно во која тој мора да бил мртов.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И тогаш, како deus ex machina, од публиката излегува една група луѓе, една чудно занесена група луѓе коишто сите паѓаат на колена пред девојката, се поклонуваат, ја бакнуваат земјата пред нејзините очи и низ целата просторија отпрвин тивко и срамежливо, а потоа сѐ погласно и посмело -------------- ...започнува да се рони музика, како да е девојката карпа а музиката бран којшто ја удира, ја руши и ја милува : “...кажи како ти е името, кажи кој ти ја даде таа снага со која - моето дно во небо го престоруваш?
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Занимливи се, секако, и оние неколку епизоди во коишто се зборува за куферот со двојно дно во кој се сочувани неколку национални знамиња.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ване се препушташе да го носи матицата како паднат желад што го траќаат брановите од брег на брег додека не го сомелат камењата на тињестото дно во некој резлив свиок.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Па со поглед што блика и зрачи, потонувам до дно во модрината, и кликнувам пак на убавината: Прострелај ме со своите лачи!
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)