длето (имн.) - и (сврз.)

На кои гробишта талкаш, красителу на мртвите, на кој споменик, врз кој гроб го дотеруваш мермерот и врз него името му го врежуваш со длетото и чеканот, со која тажна младеж разговараш преку студена земја, чија мајка тешиш?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Арсо го остава длетото и се заслушнува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)