Дури и вака оставени на колената дланките му поигруваа.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Павле и Иван притрчуваат горе, го стркалуваат на земјата и јадра, извалкана од земја дланка му паѓа на усните.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
За право повеќе ме драскаше, оти дланките му беа испукани, како кора од сув даб, ама тогаш му стануваа меки. Најмеките раце на светот стануваа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тие дланки му пречат да мисли - да чекори бос или не.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Дури кога меѓу дланките му излезе од грутката иловица нешто како глава, сфати дека нешто прави и што сака да направи.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
„Од еден питач слеп, кому, како и на секој питач дланката му е благајна Христова, оти кој на сиромавиот му дава – на Христоса му дава, разбрав дека светите мошти на светецот велик сѐ уште лежат в море.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)