Во тие мигови кога се жести моќта и величината на владеењето, се слуша вревата на полските ескадрони, урнебесниот пад на Отоманската империја. Така пишуваше Албер Ками...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тие брзо и лесно се вратија на својот вообичаен дијалог на интелектуалци во медитативна фаза и чија преокупација, во овие времиња кога радикалните идеи заживуваа и се ширеа по светот како троскот, загрозувајќи го спокојството на целиот свет, расправаа надолго и нашироко за тоа што би можело да се стори кога би се сторило.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Тој ги менува временските позиции и посебно тогаш кога им остава простор на дијалозите на ликовите.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Во сеќавањето додека го слушав Х.Х. , како го велича А.А. и неговиот придонес во убивањето на Бога во душите на луѓето, ми иде вруток мисли, ми оживува сеќавањето за друг дијалог на Мајка и Татко за душата....
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И така земјата и езерото, брегот и брановите го продолжуваат вечниот дијалог на кој се надоврзуваат гласовите на поетите, довикувајќи ја вечноста, во животот, бргу носен од брановите на минливоста.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А Бодријар? читаш што вели тој за Америка? Дијалогот на Кирил и Мане е дијалог на Кирил и Мане. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 75
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Сигурно некој лопужа ги бутнал парите у џебче - беше дијалогот на двајцата травари у Новата лисица.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Или сè што имаш да кажеш за Америка е дијалогот меѓу Кирил и Мане при крајот на Буре Барут?
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)