Откако ја провлече и потврди својата отоманска кадиска цариградска диплома во монархистичка Албанија, сега му претстоеше најголемото искушение како да ја провре низ времето на италијанската окупација и времето на антифашистичкиот отпор.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Со докторската диплома во пазува и кабинетот под клуч во џеб, со младата мајка и идната аптекарка дома, со стариот татко во родниот град и сиот товар од авторитетот на традицијата во лекарската професија - се впушти Миха во оној метеж од брзак што се вика општествена афирмација.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Се распиша конкурс на сите факултети семкари и овчари станаа студенти соблекоа волна, облекоа одело се штанцаат дипломи во секое село О Тешкото...
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)