диктат (имн.) - на (предл.)

Битката беше секојдневна, жестока. Амбасадорите во сета развиена и разгранета дипломатска мрежа беа под постојан диктат на Централата, пилотирани низ секојдневните шифрирани циркулари.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Големиот Бинг-Бенг.  ... ноќе се урива  Ја точиш, ја преточуваш секоја ноќ саноќ - душата тури - истури ко расолница, да не фати скрама извади - стави чиниш дење ѕидаш, ноќе се урива погрешно, некој ти урива насетуваш, не казнуваш разоружана се повикуваш на паганските обичаи па христијанските според темните диктати на свеста даваш жртва најмилото е најпожелно волјата е Господова зошто и твоја мора ли и твоја  употреби го умот кажи си надмудри го рушителот тоа е единственото решение во тебе, во умот и уметноста на мислењето ...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
XXXVI Меѓу заминувањето и враќањето од дипломатска мисија, посебно на амбасадорите во земјите со демократска традиција, во која дипломатската институција почива врз цврстите принципи на правната држава, но и врз автохтоноста на дипломатскиот феномен во светот од неговите дамнешни почетоци па сѐ до денешни времиња, постои природна поврзаност, дејствен континуитет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во традициите на дамна востановените дипломатии постои логична и функционална пропорција на дипломатските кадри кои се формираат од матрицата на институцијата односно Министерството за надворешни работи и страничните политички именувања, не поголеми од десет проценти, најчесто одредени според волјата и диктатот на новиот шеф на државата, на Владетелот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На диктатот на ГОЛЕМИТЕ и моќните, морале да се потчинат доброволно или со сила сите оние што не ја прифаќале поделбата или оние што сметале дека се изиграни.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Имаше зборови кои како вистинска мајка ги кажуваше под диктат на рефлекс: Сине, внимавај, не претерувај со работата, не ги вкрстувај рацете кога лежиш, сине.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но, атавистички внесен во патот на јагулите, небаре под диктатот на божјото претсказание што беше впишано во патот на јагулите и претскажувањето на Игора Лозински, Татко, во еден период беше решен да оди кон север, да го следи патот на јагулите, колку што тоа беше можно.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)