Човекот фасциниран со сопствениот свет на идеи го гледа како волја, сила, како повеќе или помалку апстрактна фигурација на напнатост и дејствување во природата.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Поради ваквиот пристап на Донован кон улогата и местото на ОСС, било сосема природно тој да стапи во контакт со СОЕ за заедничкото планирање и изведување операции во моментот кога во 1942 година заедничкиот Англо-американски генералштаб решил САД да ѝ се придружат на Британија во "субверзивните" акции.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Човекот со непоматен “природен” инстинкт и без расколи во свеста го прикажува човека како лик, како “човек”, “најбожествена” метафора како во паганската така и во христијанската религија.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тој навистина се сретнал со некои од нив, ги запознал со плановите за дејствување во Македонија и добил нивна полна морална подршка.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Таму го најде Перета, зачуден, и кога се сретна со него и му ги пренесе добиените директиви, овој длабоко воздивна и промрмори преку заби: — Ах, Петре, што направија, од дрво нога, од камен глава да си направат; го фрлија народот во оган без време!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Толку сум слободен да Ви обрнам внимание, со оглед на моето долгогодишно дејствување во германската јавност и мојата длабока поврзаност со германската музика, на настани што се случуваат во музичкиот живот, а коишто не мораат, по мое мислење, нужно да бидат поврзани со повторното оживување на нашето национално достоинство, кое сите тие го поздравуваме со благодарност и веселба.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Петре дочека да заврши конгресот со работата и со голема тежина на душата ги прими директивите за дејствување во неговиот реон.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Британскиот пристап кон герилските борби и саботажи бил во согласност со визиите на Донован за офанзивно дејствување во кое диверзанти, герилци, командоси и агенти зад непријателските линии би го помагале напредувањето на армијата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)