дечиња (имн.) - на (предл.)

Петра исто така тој ден го виде Дине, ама не му се приближи, не му проговори, како да чувствуваше дека под кожата му се тркалаат костенови ижувини, нејзе ѝ беше мило што е надвор, што ја прикрпува бараката, што може да го удри чиста ава, што околу него се трчкаат неговите и дечињата на Тронда.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Пред нас кога блесна Кавала во зорите, Белина од праискони кога ни ги исчисти душите, - Нешто ни шепна морето О, благословени дечиња на мојата татковина, Шепнете го и вие неговото име и тоа е доволно Врвовите на вашиот глас низ иднината.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Зарадувајте ги дечињата на граѓаните, притоа внимавајте на мачките.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не треба ли да ги пронајде овие дечиња на својата соученичка и да им помогне со што било.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Погледнав низ прозорецот. Татковците ги влечеа своите дечиња на санки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)