Во засекувањата на воздухот кои ги правеа движењата на Рајнер, во сенката на неговиот поглед, во ехото на неговите зборови, се откриваше нешто што наликуваше на потекување на крв.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Еве неколку збора за неа: родена како Џесика Штајхауер во 1973 година од татко Јапонец и мајка Германка, детството го поминува во родното Њу Џерси, каде што завршува основно и средно образование.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Детството го мина меѓу Албанија и Грција, родното Лесковик, Солун и Јанина.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Рајнер го беше посетил и доктор Ауербах, кој некогаш во детството го лечеше од очај, но Фридрих Рихтер и нему му немал кажано дека синот бил посвоен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Најголеми тешкотии имаше со македонскиот и другите словенски јазици со кои се соочуваше во земјата на својот егзил и кои тешко се учеа во поодминатите години на животот, па му помагавме ние децата, кои во детството го совладавме овој јазик, на кој јас денес и пишувам, покрај на мајчиниот албански јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Таму сум роден и таму детството го поминав.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Гледаше низ џамлакот во дворот, но не распознаваше дали е бел ден или е црна ноќ, и сѐ му беше во дно од некоја полутемнина, во која предметите одвај ги додржуваат контурите, а боите веќе одамна се изгубиле, како кога во детството го гледаа замрачувањето на сонцето низ зачаден газер од скршено шише.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)