музиката ти се топи в уво од малку стравче и потем жежее, жеже како тазе чајче додека не ги прежеже здодевните несреќници кои ѓоа пресметуваат колку вистински солзи има во езерцата на градината мохри колку се оддалечува од себе човек кога ќе почне да се враќа во изгубеното детство. општо е познато дека во секое детство има многу неиспилени јајца и има стари зданија престорени во вкочанета историја во детството има и товари јаболка нагризени од боговите под што се подразбираат и некои волнести батки од најблиското соседство а последно што се гледа на хоризонтот на детството е накривената капа на сѐ што било и сѐ што ќе биде.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Мислите на двете жени се недофатливи поради шокираноста и стравот, но Фјодоровиот пријател сликар ги виде како цитатолошко, дадаистичко надреалистички форми, што не му беше премногу тешко зошто долго долго во детството имаше гледано надреалистички и дадаистички репродукции, а исто така работеше на илустриранјето на “Лабрис”, дело на Фјодоровиот пријател писател.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Фјодор е дебел Ван Гог - мислеше многу тивко неговиот пријател сликар кој пуши.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Зар ја паметите гранката од која во најраното детство имате берено цреши?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
6 На претпоставката на Митрев директен, потврден одговор дава самиот Живко Чинго во едно интервју: „Уште од најраното детство имав можност од устата на татко ми кој во месноста важеше за еден од најдобрите раскажувачи и пејачи, да чујам огромен број приказни, потоа секакви кажувања за „животиштето“.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Од тој разговор ќе спомнам само уште еден податок за кој и денес сметам дека беше битен за нашите подоцнежни односи.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)