И животворните зраци изгаснаа; остави вдовица млада со дете, малечко детенце в раце . . .
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Татко ми, без да сака, го прекина кога му покажа една друга слика на која коза лулее детенце во колепка, крај мајката истоштена од куќните работи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Со денови, со ноќи, откако извишија ѕидовите, Откако во правта околу нив, под нив Се препознаваше белиот малтер Измешан од сонце, од воздух, од дожд, Мајсторот дигаше, ги потпираше, ги врзуваше Греда по греда, штица по штица, Коваше брут до брут, клин до клин, Сѐ дури не се покажа костурот на покривот Сѐ дури не дојдоа сите да ја даруваат куќата, Сѐ дури не извиши таа повисоко од сите други куќи Од каде можеше убаво да се види месечината Како влегува низ отворениот прозорец И лази под постелата на заспаното детенце во старата куќарка.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)