дете (имн.) - наш (прид.)

- Тие децата наши, Борка и Павле, мали ги оставивме, како се? - Живи голи на вас, - рече Љаке.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Е, и детето наше со ум има работено ама не се знае што ќе донесе.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Децава наши имаат мајки што ги родиле, но и кози што ги одржале живи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Жените, невестите, момите, момичките и децата наши - робје!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)